Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Истражување на ДНК покажа дека кучињата не само што се најдобри пријатели на луѓето, туку тие се и едни од најстарите пријатели на луѓето од животинскиот свет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите од ова истражување се објавени во списанието „Сајенс“ (Science). Ова истражување покажа дека трагата на припитомувањето на кучињата може да се следи до пред 11.000 години, кон крајот на последната ледена доба.
Овие наоди потврдија дека кучињата биле припитомувани многу порано од кој било познат вид, дека тие во тој период биле распространети во северната хемисфера и дека моментално се поделени на пет различни вида.
„Додека луѓето сѐ уште биле ловци и собирачи, ги припитомувале волците од кои се плашеле во повеќе делови во светот и кои всушност се диви месојадци. Главното прашање е зошто луѓето го правеле тоа? Како се случило тоа? На крајот на краиштата, тоа е она што нас нѐ интересира“, рече д-р Понтус Скоглунд, член на истражувачкиот тим.
„Кучињата се наши најстари и најблиски пријатели од животинскиот свет. ДНК-та на кучињата кои живееле во старите времиња покажува колку е стара нашата заедничка историја. На крајот на краиштата, ќе ни помогне и во тоа да откриеме каде и кога започнала оваа длабока врска“, истакна Грегер Ларсон, друг член на овој тим.