Elif Ferhan Yeşilyurt
06 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската наменска индустрија оствари уште еден важен исчекор со интегрирање на домашен електро-оптички систем за откривање, следење и таргетирање CATS, на военото беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“, кое исто така во целост е од домашно турско производство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борбеното беспилотно летало „Бајрактар TБ2“ веќе ги освои сите симпатии на светската одбранбена индустрија, а е производ на турската компанија „Бајкар“, додека електро-оптичкиот систем CATS е производ на турската компанија „Аселсан“.

„Бајкар“ и „Аселсан“ соопштија дека CATS е успешно интегриран во платформата на „Бајрактар ТБ2“, и дека тоа го потврдил и вчерашниот тест на воениот полигон.
Во соопштението се наведува дека целта ја открил и со ласер ја нишанел домашниот турски оптички систем од турско беспилотно летало и дека целта е погодена и уништена со турските паметни проектили МАМ-Л произведени од „Рокетсан“.

Оптичкиот систем CATS се покажа како исклучително успешен во откривање, следење и таргетирање на цели и на големи растојанија, и при брзо движење.
„Аселсан“, „Бајкар“ и „Рокетсан“ се надежта на турската одбранбена индустрија, чиј клуч за успехот во последните неколку години лежи во соработката и интеграцијата на производите на домашните компании.