Aykut Karadağ
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
АНКАРА
Во рамките на операцијата против терористичката организација ФЕТО, турската полиција во Анкара уапси еден од коосновачите на „Банк Асја“, Камил Јавуз М., јавува Агенција Анадолија (АА).
Осомничениот пребегнат е уапсен во дистриктот Чанкаја со лажни идентификациски документи.
Уапсениот Јавуз важи за еден од раководителите на терористичката организација ФЕТО и против него е подигнато обвинение.
Јавуз и понатаму раководеше со финансиските работи на ФЕТО и се криеше користејќи лажни документи и менувајќи ги адресите на живеење.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули, 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.