Mahmoud Barakat
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иран денес не успеа да лансира сателит во вселената, намера која беше критикувана од страна на Соединетите Американски Држави (САД), и која изгледаше дека ги оспорува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), пренесува Anadolu Agency(AA).
Иранската државна телевизија го цитираше министерот за информации и комуникации, Мухамед-Џавад Азари Џахроми, дека сателитот не успеал да ја достигне потребната брзина во третата фаза од лансирањето.
Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Помпео, рече дека плановите на Иран да испрати сателити во вселената, го покажува пркосењето на Иран кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, повикувајќи го Техеран да не се вклучува во какви било активности поврзани со балистички ракети преку кои би можело да се произведе нуклеарно оружје.
Иран нагласи дека лансирањето на сателитот не ги крши резолуциите на Советот за безбедност.