свет

Администрацијата на Трамп ја испраќа Националната гарда да интервенира во протестот во Лос Анџелес

- Администрацијата на Доналд Трамп објави дека Националната гарда ќе биде испратена во градот откако се зголемија тековните демонстрации против граничната полиција во Лос Анџелес.

Hakan Çopur  | 08.06.2025 - Обновена : 09.06.2025
Администрацијата на Трамп ја испраќа Националната гарда да интервенира во протестот во Лос Анџелес

ВАШИНГТОН (АА) - Том Хоман, шефот на граничната полиција на американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека сега ќе интервенира и Националната гарда во протестите што продолжуваат втор ден во Лос Анџелес, известува Анадолу.

Хоман во изјава за ‘Фокс њуз’ објави дека синоќа е дадена наредба да се преземат нови чекори за да се осигура безбедноста во градот.

Хоман рече дека ќе ја испратат и Националната гарда во градот по зголемувањето на тековните судири меѓу полицијата и оние што протестираа против рациите воведени кон нерегуларните имигранти во Лос Анџелес минатата недела и истакна дека дефинитивно ќе ја осигураат безбедноста во градот.

Протестите што вчера започнаа во градот на моменти преминуваа во судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Главниот советник на американскиот претседател Трамп, Стивен Милер, протестите ги опиша како „бунт против САД“ и изјави дека ќе интервенираат при секој инцидент.

Во Лос Анџелес, стотици демонстранти започнаа протести против тимовите на Службата за имиграција и царина (ICE) кои спроведуваат акции кон нерегуларните имигранти во различни делови од градот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.