Meryem Göktaş
14 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Авион дизајниран од турски дизајнер беше награден поради својата совршеност на Германскиот натпревар за дизајн 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Создаден од тимот на дизајнирачкиот центар „Designnobis“ предводен од неговиот основач Хакан Ѓурсу, турскиот „Eagle Alpina“ доби награда за Совршен дизајн на производ.
Авионот понатаму се очекува да биде развиен од страна на фабриката за авијација „Аквила“ и од Бурса простор и авијација, додека неговото производство се планира да започне во Турција.
Според изјавата на Џелал Ѓокчен, сопственикот на фабриката, авионот бил прв турски дизајн во 10 години што освоил злато на натпреварот меѓу меѓународните индустриски гиганти.
Авионот е дизајниран за четири лица и може да слета на море со своите флоти под неговите полукрилја.
Според изјавата на жирито на официјалната веб-страница на натпреварот, „Алпина“ е пријатно компактен и возбудлив спортски авион.
„Сензационален, целосно современ и елегантно дизајниран авион кој е идеален за кратки растојанија“, се вели во соопштението.
Германскиот натпревар за дизајн се организира под покровителство на германската Влада, за поддршка на културата на индустријата, производството и дизајнот, уште од 1969 година.
Оваа година церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи во Франкфурт, како дел од Меѓународниот саем во Франкфурт, во февруари.
Ѓурсу е турски индустриски дизајнер и професор на Блискоисточниот техничкиот универзитет (METU) во Анкара, кој има освоено повеќе награди на меѓународно ниво.
Ѓурсу, исто така, има добиено награда за Дизајнер на годината од Меѓународната асоцијација на дизајнери во 2014 година.