Havva Kara Aydın
05 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ИЗМИР
Деветмината осомничени лица за кои се смета дека се вклучени во изградбата на зградите кои се срушија во неодамна силниот земјотрес во Измир во Турција, денес се проследени на суд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Налогот за апсење е распишан за 11 осомничени, вклучувајќи ги оние работеле на изградбата и инженери, кои наводно биле соучесници во изградбата на зградите кои се срушени за време на потресот со магнитуда од 6,6 степени, на 30 октомври во подрачјето Бајракли во областа Измир.
Во своите први искази осомничените тврдеа дека зградите биле изградени во согласност со тогашните прописи.
Едно од лицата кои учествуваше во изградбата, идентификуван под иницијали М.Б.У за кој беше издадена потерница поради уривање на една станбена зграда, е повреден во потресот и се уште е на интензивна нега. Неговиот татко, кој во земјотресот ги изгубил неговата снаа и внуците е пуштен на слобода со забрана за патување во странство.
Од Управата за вонредни ситуации (АФАД) во средата е соопштено дека како последица на земјотресот во турскиот егејски регион загинале 114 лица, а повредени се повеќе од илјада лица. На болничко лекување се задржани 137 повредени.
Земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер во петокот го погоди Измир и соседните региони, а потоа во тој регион се регистрирани 1.621 тресења на тлото, од кои 44 беа посилни од четири степени по Рихтер.
Спасувачките екипи под урнатините спасија повеќе од 105 лица, меѓу нив и тригодишната Елиф Перинчек, која од урнатините е извлечена по 65 часа и четиригодишната Ајда Ѓезгин која под урнатините беше 91 час.