свет

Стејт департмент: Турското обезбедување на аеродромот во Кабул од витално значење за САД

„Овој придонес е од витално значење за нас, нашите сојузници и партнери, за да можеме да задржиме силно дипломатско присуство во Кабул по повлекувањето на нашите трупи“

Islam Doğru  | 22.07.2021 - Обновена : 23.07.2021
Стејт департмент: Турското обезбедување на аеродромот во Кабул од витално значење за САД

ЊУЈОРК (АА) - Потсекретарката за политички прашања при американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд, порача дека турското обезбедување на аеродромот во Кабул е од витално значење за силното дипломатско присуство на Соединетите Американски Држави (САД) во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Нуланд говореше на заседанието со наслов „Американската политика кон Турција“, организирано од Сенатскиот одбор за надворешни односи.

Наведувајќи дека Вашингтон и Анкара се во тесна соработка околу регионалните прашања како што се Украина и Либија, особено за борбата против тероризмот, Нуланд привлече внимание на фактот дека Турција штити 4 милиони Сиријци, особено во северна Сирија, од напади на режимот на Асад.

„Исто така сме благодарни на нивните континуирани напори за поддршка на 4 милиони бегалци, од кои 3,6 милиони се Сиријци, што Турција ја прави најголемата држава во светот според бројот на примени бегалци“, рече Нуланд.

Говорејќи за заинтересираноста на Турција за одржување на силите на аеродромот во Кабул додека завршуваат воените мисии на САД и НАТО во Авганистан, Нуланд изјави дека тие, како американска администрација, се исклучително задоволни од тоа.

„Овој придонес е од витално значење за нас, нашите сојузници и партнери, за да можеме да задржиме силно дипломатско присуство во Кабул по повлекувањето на нашите трупи“, порача Нуланд.

Истакнувајќи дека ниту САД, ниту нивните сојузници и партнери не можат да го одржат своето силно присуство во Авганистан без безбедноста на аеродромот во Кабул, Нуланд рече дека Турција има единствен и посебен однос и со авганистанскиот народ и со другите актери во регионот, па затоа може да биде долгорочно траен партнер.

Нуланд подвлече дека и покрај нерешените проблеми помеѓу САД и Турција, особено прашањето за С-400, Турција дава значителен придонес во мисиите на НАТО низ светот.

Таа додаде дека техничките тимови од обете страни продолжуваат со заедничката работа за финализирање на ова клучно прашање со цел да се воспостави безбедност на аеродромот во Кабул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın