Betül Yürük
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека меѓународната заедница би требало да продолжи да соработува со Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Чавушоглу со неговите колеги разменија мислења за нерегуларните миграции и хуманитарната ситуација во Авганистан во склоп на виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи на групата Г20.
Турскиот амбасадор во Авганистан Џихад Ергинај и вршителот на должноста министер за надворешни работи на талибанците, Амир Кан Мутаќи, претходно во текот на денот разговараа за хуманитарната помош, здравството, авганистанските бегалци и студентите.
Портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, изјави дека Мутаќи побарал од турскиот претставник Ергинај да ги доврши проектите на Анкара во Авганистан, истакнувајќи желба за одржување на односите и соработката.
Талибанците презедоа контрола врз Авганистан откако на 15 август го зазедоа Кабул, принудувајќи го претседателот Ашраф Гани и другите високи официјални претставници да ја напуштат земјата.