Турција

Турските безбедносни сили спроведоа операција за приведување на 14 терористи на ДЕАШ

Јавното обвинителство во Адана издаде наредба за приведување на 12 осомничени во Адана и двајца осомничени во Истанбул, за кои било утврдено дека се активни во терористичката организација ДЕАШ

Ömer Yıldız  | 23.09.2021 - Обновена : 24.09.2021
Турските безбедносни сили спроведоа операција за приведување на 14 терористи на ДЕАШ

АДАНА (АА) - Во рамките на истрагата што се спроведува во турските области Адана и Истанбул против терористичката организација ДЕАШ, донесена е одлука за приведување на 14 осомничени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Екипите на Одделот за антитероризам на обласните полиции утврдиле дека терористичката организација ДАЕШ работи на повторно активирање на „ридските групи“, кои беа разбиени во операциите на турските безбедносни сили.

Јавното обвинителство во Адана издаде наредба за приведување на 12 осомничени во Адана и двајца осомничени во Истанбул, за кои било утврдено дека се активни во организацијата ДЕАШ.

Полициските екипи, поддржани и од специјални полициски сили, спроведоа операции за приведување на осомничените.

Приведените осомничени лица, по здравствената контрола во Одделот за судска медицина, префрлени се во полиција.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.