Aykut Karadağ
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
АНКАРА (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Турција за седум дена фатија 1.376 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за крајбрежна стража, Дирекцијата за жандармерија и Дирекцијата за полиција ги организираа акциите против илегалните миграции во периодoт од 9 до 15 април.
Во акциите извршени на море фатени се 1.107 мигранти, а во акциите на копно 269 мигранти. Новинарот на АА дознава дека мигрантите се со потекло од земјите на Блискиот Исток и од африканските земји.
Екипите на крајбрежната стража од почетокот на годината спречија 6.336 мигранти илегално да преминат на грчките острови.