Dmitri Chirciu
16 Мај 2025•Ажурирај: 18 Мај 2025
МОСКВА (АА) - Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската делегација на преговорите во Истанбул, изјави дека се задоволни од резултатите од преговорите со Украина и изрази подготвеност да продолжат со контактите, известува Анадолу.
Шефот на руската делегација Медински даде изјава за медиумите по завршувањето на преговорите меѓу Русија и Украина, што ги организираше Турција во претседателската палата „Долмабахче“ во Истанбул.
Истакнувајќи дека се завршени директните преговори со украинската страна, иницирани од рускиот претседател Путин, Медински рече: „Генерално сме задоволни од резултатите што ги постигнавме во преговорите и подготвени сме да ги продолжиме контактите“.
Информирајќи за прашањата договорени за време на преговорите, Медински рече:
„Голема размена на затвореници од 1.000 за 1.000 луѓе ќе се случи во наредните денови. Украинската страна побара директни разговори на ниво на шефови на држави. Го евидентиравме ова барање. Русија и Украина детално ќе ги презентираат своите ставови за евентуално примирје, а потоа преговорите ќе продолжат. Го сметаме ова за разумно.“