Зеленски: „Притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека не биде подготвена да ја заврши војната“
- Украинскиот претседател Владимир Зеленски и лидерите на неколку европски земји разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со мировните преговори во Истанбул за ставање крај на војната во Украина

КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски и лидерите на неколку европски земји разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со мировните преговори во Истанбул за ставање крај на војната во Украина, известува Анадолу.
Зеленски, кој беше во албанската престолнина Тирана во рамките на 6-от самит на Европската политичка заедница, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск, имаа телефонска средба со американскиот претседател Трамп.
Во објавата на својот профил на платформата Телеграм, Зеленски напиша: „Разговаравме за состанокот во Истанбул. Украина е подготвена да ги преземе најбрзите чекори и за вистински мир важно е светот да заземе цврст став“.
Повторувајќи го својот повик за зголемување на притисокот врз Москва доколку Русија не прифати безусловно примирје за завршување на војната, Зеленски наведе:
„Притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека Русија не биде подготвена да ја заврши војната. Им благодарам на сите низ целиот свет кои помагаат.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.