Ердоган: „Откривме нови резерви на природен гас во Црното Море“
„Ќе продолжиме по нашиот пат без запирање, без одмор и без да обрнуваме внимание на критиките или пречките сè додека не ја достигнеме нашата цел за целосно енергетски независна Турција“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција откри нови резерви на природен гас во Црното Море од 75 милијарди метри кубни, соопшти денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
„Откривме нови резерви на природен гас од 75 милијарди метри кубни. Со оваа количина, ќе можеме да ги задоволиме потребите на домаќинствата за приближно 3,5 години“, рече Ердоган за време на своето обраќање на отворањето на Истанбулската болница за обука и истражување за физикална терапија и рехабилитација.
„Нашата работа на бунарот Ѓоктепе-3 (во Црното Море), која започна на 27 март со нашиот брод за дупчење од седма генерација 'Абдулхамид Хан'“, беше завршена вчера“, истакна тој.
Ердоган ја нагласи посветеноста на Анкара на енергетската независност. „Ќе продолжиме по нашиот пат без запирање, без одмор и без да обрнуваме внимание на критиките или пречките сè додека не ја достигнеме нашата цел за целосно енергетски независна Турција.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.