Fatih Hafız Mehmet
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Република Турција во изминатите 12 месеци оствари извоз во вредност од 160 милијарди долари, што е за 10,5 отсто повеќе во однос на претходниот период, јавува Anadolu Agency (AA).
Унијата на турски извозници објави извештај во кој се наведува дека во март годинава, Турција остварила извоз во вредност од 15,106 милијарди долари.
Тоа е најголемиот извоз за месец март што Турција го има остварено досега, а во однос на извозот од март минатата година, е поголем за 11,5 отсто.
Во извештајот се наведува и дека Турција, во првите три месеци од оваа година остварила извоз од 40,727 милијарди долари, што е за 10,4 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.