Mehmet Şah Yılmaz
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, истакна дека изјавата на Комисијата за меѓународни верски слободи на Соединетите Американски Држави (САД) во однос на операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, што ги спроведува Турција против ПКК во Ирак, е нова неоснована изјава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Аксој даде писмена изјава во врска со соопштението на Комитетот за меѓународни верски слободи на САД, кое се однесува на операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, што ги спроведува Турција против ПКК.
„Изјавата на Комисијата за меѓународни верски слободи на САД во однос на операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, што ги спроведува нашата земја против ПКК во Ирак, е една нова неоснована изјава“, нагласи Аксој.
Нагласувајќи дека оваа институција, што тврди дека ги брани верските слободи, не ги гледа злосторствата на ПКК, која од страна на САД е прифатена како терористичка организација, Аксој рече дека институцијата не ги гледа ниту сепаратистичката политика и терористичките методи на ПЈД/ЈПГ, која е продолжена рака на ПКК во Сирија.
„Да се критикува борбата на нашата земја против тероризмот и да се биде алатка за пропаганда на ПКК, благо кажано е засрамувачки“, нагласи Аксој, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи.