Buket Güven
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 158.828, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 41.112 тестирања за Ковид-19, од кои 1.248 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 22 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.312 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.904.744 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 186.493 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.927 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 781 лица, 318 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 158.828 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Бројот на лицата кои се наоѓаат на интензивна нега во некои области каде во последните денови е забележан раст на откриени случаи, се следни: во Дијарбакир 30 случаи, Кајсери 41 случај, во Батман 22 случаи и во Бурса 46 случаи. Бројот на излекувани лица, исто така и денес е поголем од бројот на новите случаи“, напиша Коџа.