Erdoğan Çağatay Zontur
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака по повод Светскиот ден на бегалците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на социјалната мрежа Твитер објави порака по повод 20 Јуни - Светскиот ден на бегалците.
„Турција ќе продолжи да ги штити сите угнетени и сите жртви, без разлика на нивната вера, нивниот јазик и нивното потекло, и ќе биде нивниот глас на меѓународната сцена“, напиша Ердоган на Твитер.
„На 20 јуни, Светски ден на бегалците, во име на мојата земја и мојот народ, ги поздравувам моите браќа бегалци кои беа присилно раселени од нивните територии“, додаде тој.
Турција е земја која прими најмногу белгаци, односно 4 милиони бегалци, од кои поголемиот дел се Сиријци кои избегале од бруталната граѓанска војска во нивната земја.