Agim Sulaj
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово почина уште едно лице како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата порасна на 35, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се нагласува дека откриен се уште 75 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.073.
Се вели дека излекувани се уште 38 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани во земјата се зголеми на 1.018 лица.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија направени се 416 тестирања за Ковид-19, додека досега во земјата направени се вкупно 21.078 тестирања.