свет

Руте: „Министрите за одбрана на членките на НАТО се состанаа за да разговараат за развој на капацитетите за одбрана“

„Мора да инвестираме во нашите системи за воздушна одбрана. Мора да инвестираме во нашите ракети со долг дострел. Мора да инвестираме во нашите маневарски копнени формации и системи за команда и контрола“, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

İlayda Çakırtekin  | 05.06.2025 - Обновена : 06.06.2025
Руте: „Министрите за одбрана на членките на НАТО се состанаа за да разговараат за развој на капацитетите за одбрана“

ИСТАНБУЛ (АА) - Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се состанаа денес во Брисел за да разговараат за целите за развој на одбранбените капацитети, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, јавува Анадолу.

„Денес е клучен ден бидејќи ќе одлучиме за целите на капацитетите, а ова е важен темелник за да се одлучи за парите што ќе ги потрошиме за одбрана наредните години“, рече Руте.

Тој нагласи дека алијансата мора да се подготви за потенцијален воен конфликт и да ја зајакне својата способност за одвраќање.

„Мора да инвестираме во нашите системи за воздушна одбрана. Мора да инвестираме во нашите ракети со долг дострел. Мора да инвестираме во нашите маневарски копнени формации и системи за команда и контрола. Сето ова мора да се случи“, додаде тој, сигнализирајќи ја потребата од „огромни инвестиции“ низ НАТО.

Руте, исто така, изјави дека ќе го презентира својот предлог за новиот план за одбранбени трошоци нa прес-конференцијата на крајот на состанокот.

„Во Хаг ќе одлучиме колку ќе потрошиме за одбрана во иднина. Новиот план за инвестиции во одбраната, се разбира, е вкоренет во тоа што ни е потребно во однос на тврдата способност. Затоа е толку важно денес да одлучиме за целите на капацитетите. Оттаму, ќе ги процените празнините што ги имаме“, објасни тој.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја повтори потребата сите земји да го зголемат својот одбранбен буџет.

„Секоја земја мора да придонесе со 5 отсто како признание за сериозноста на заканата. Не се работи само за знамињата што ги сакаме туку за формациите што ги имаме. Тоа е т.н. ‘тврда моќ’ што навистина одвраќа“, изјави Хегсет.

Тој истакна дека мирот може да се постигне преку сила и одвраќање, предупредувајќи дека земјите не треба да се потпираат исклучително на САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın