Палестинска мајка се обидува да донесе радост за Курбан бајрам и покрај израелските напади
- Поради војната, Рихан Шераб заедно со семејството избегала во камп со шатори во областа Меваси, каде што изработува овци од филц специјално за Курбан бајрам

СКОПЈЕ (АА) - Рихан Шераб, Палестинка од градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, се обидува да го внесе духот на Курбан бајрам и покрај израелските напади, изработувајќи рачно направени играчки, јавува Анадолу.
Поради војната, таа заедно со семејството избегала во камп со шатори во областа Меваси, каде што изработува овци од филц специјално за Курбан бајрам.
Овие рачно изработени играчки Шераб не им ги подарува само на своите деца туку им ги дава и на другите деца во кампот, со цел да им донесе радост за празникот.
Под израелските напади децата во Газа се лишени од основни потреби, како храна и вода.
Палестинскиот народ го дочекува Курбан бајрам, еден од двата најголеми исламски празника, без електрична енергија, вода, храна и сите основни животни потреби.
Израел, кој го попречува пристигнувањето на хуманитарната помош во регионот, од 7 октомври 2023 година врши напади врз Појасот Газа, при што досега загинаа повеќе од 54.000 луѓе, а над 125.000 се повредени.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.