İzzet Mazi
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
КИЛИС (АА) - Во текот на изминатите 12 дена околу 27.000 Сиријци сместени во Турција се вратија во родната земја за да го поминат Курбан Бајрам со семејството, јавува Anadolu Agency (AA).
Сиријците и за време на викендот продолжија да го користат граничниот премин Онџупинар, во турскиот град Килис.
Многу Сиријци кои сакаа да го поминат Бајрам во својата татковина, откако го потполнија барањето во системот на канцеларијата на гувернерот на Килис, беа превезени до граничниот премин Онџупинар.
Сиријците формираа долги колони на граничниот премин и чекаат според одредениот термин за разговор.
Жандармериските и полициските екипи посебно внимание посветуваат на децата, жените и постарите лица на кои негативно се одразува топлото време.
По објавената процедура, бегалците заминуваат во татковината.
Фесал Мулали изјави дека пред три години поради интензивираните судири во Хасака морал да ги напушти блиските и засолниште да побара во Турција. По долго време ќе може да ја види својата мајка, татко и другите роднини.
Бегалците кои заминуваат во Сирија за да го поминат Бајрам со семејството, ќе се вратат во периодот од 5 септември до 15 октомври.
На споменатиот премин се формирани и колони на камиони кои пренесуваат хуманитарна помош подолга од пет километри.