Dzihat Aliju
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во соработка со гостиварската хуманитарна организација „Шефкат“, Балканската федерација на здруженија - Румели им пружија помош на настраданите од поплавите во Скопје и околината, во кои што животот го загубија 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA)
Во изјава за АА, претседателот на хуманитарната организација „Шефкат“ од Гостивар, Ердоган Менга, искажа благодарност до Балканската федерација на здруженија – Румели, за пружената помош до настраданите од поплавите.
Изјавувајќи дека камионот со помош за 650 семејства од Турција пристигнал денес, Менга рече: „Меѓу помошните средства има пелени, сапун, шампон и други средства за хигиена. Денес од помошта ќе поделиме на стотина семејства. До почетокот на Курбан Бајрам сакаме да завршиме.“
Од друга страна пак, членот на управниот одбор на хуманитарната организација „Шефкат“, Мухитин Кахвеџи се заблагодари на сите кои ја даваат својата поддршка за помош на настраданите од скопската населба Сингелиќ пред празникот Курбан Бајрам.