Dilara Hamit
23 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Деменцијата или губењето на меморијата ќе стане главна опасност по здравјето во следниот век, имајќи ја предвид зачестеноста на оваа болест, вели неврологот Ѓокхан Еркол.
Зборувајќи за Anadolu Agency (АА), неврологот Еркол од Универзитетската болница „Коч“ во Турција нагласи дека на секои три секунди некој во светот заболува од деменција.
Во моментот 50 милиони луѓе во светот страдаат од оваа болест.
„Речиси едно од секои две лица, на возраст меѓу 85-90 години страда од деменција“, изјави Еркол.
Бидејќи зачестеноста на оваа болест се зголемува двојно на секои пет години, истражувачите проценуваат дека до 2050 година оваа болест ќе влијае на популација од 150 милиони.
Еркол вели дека Алцхајмеровата болест е најчестата причина за појава на деменција. Тој рече дека Алцхајмеровата болест е „виновна“ за 60 отсто од случаите на деменција.
Неврологот истакна дека деменцијата не познава ниту социјална ниту економска класа, ниту пак географски граници.
„Може да влијае на сите општества без оглед на социоекономското ниво“, рече тој.
Додаде дека бидејќи групите со среден и низок приход сочинуваат голем дел од светската популација, враќањето на болеста кај нив изнесува 70 отсто.
„Студиите покажаа дека две од три лица не знаат за деменцијата“, изјави тој.
Понатаму, симптомите на болеста, исто така, можат да ги измамат и лекарите за да не можат да ја дијагностицираат болеста во рана фаза. „Тие го третираат тоа како нормален исход од стареењето“, рече Еркол.
Пациентите, исто така, се колебаат да отидат на лекар, бидејќи деменцијата е поврзана и со социјалната стигма.