Ekip
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА (АА) - Светскиот ден на свесноста за аутизмот - 2. април со различни активности се одбележува ширум светот, при што здравствените организации и граѓанските здруженија се обидуваат да ја подигнат јавната свест за оваа болест која станува се позастапена кај човекот, пишува Anadolu Agency (AA).
Аутизам е пореметување на менталниот развој кој се карактеризира со оштетување на социјалната интеракција и комуникација, и со ограничено и повторувачко однесување. Овие знаци во повеќето случаи се појавуваат пред детето да полни три години.
- Во Македонија не постои регистар на лица со аутизам
Во Македонија не постои регистар на лица со аутизам и нема точна статистика колку лица се со оваа состојба. Официјално регистрирани се 140, но претпоставката е дека нивниот број е многу поголем. Проценките одат до таму да изнесува неколку илјади.
Од Македонското научно здружение за аутизам претходно во неколку наврати истакнуваа дека во земјава не постојат софистицирани начини за дијагностика на аутизмот и дека неретко се случува да има погрешни дијагнози.
Деведесет и три деца со аутизам, од кои 68 машки и 25 женски, следат настава во основните училишта во земјава, покажало минатогодишното истражувањето на народниот правобраниетел спроведено во Скопје, Струмица, Битола, Куманово,Тетово, Штип и Кичево. Според тоа истражување, малку од училиштата имаат целосно стручен тим, кој би работел со децата со аутизам.
Во Македонија има 24 центри што се на располагање на децата. Од пред три години во Скопје, на светскиот ден посветен на борбата потив аутизмот, за првпат беше отворен Дневен центар каде логопед, психолог, дефектолог и негувателка се грижат за 15-тина деца и тинејџери.
Проблемот со аутизмот е многу повеќе од здравствен, за што често може да се слушне и во јавноста. Родителите на децата заболени со аутизам, како и социјалните работници велат дека се соочуваат со проблемот да им помогнаат на децата кои боледуваат од болеста да добијат рамноправен третман во општеството.
Инаку, Ааутизмот во Македонија со децении се споменуваше само за светскиот ден за подигнување на свеста за болеста. Но, изминатите неколку години, аутизмот многу често почна да се споменува како болест.
- Албанија
Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје на Република Албанија од 2012 година, имало 30% зголемување на бројот на деца заболени од аутизам, а според оваа институција, Светскиот ден на свеста за аутизмот, помага да се зголеми свеста за овој растечки здравствен проблем.
Според Институтот за јавно здравје, машките имаат пет пати поголеми шанси да имаат аутизам отколку женските. Во меѓувреме, оваа институција нема официјална бројка на национално ниво за бројот на луѓето кои заболуваат од аутизам.
Во Тирана е основан регионален центар за лекување на аутизам, а објектите на Центарот се наменети да обезбедат услуги за околу 200 деца и околу 50 лица од други категории неделно. По повод овој ден државните институции, како на организациите на граѓанското општество, организираат активности за подигнување на свеста, а во последниве години се известува за зголемуван тренд на случаи на ова пореметување.
Втори април се одбележува како светски ден посветен на информирање и активизам за аутизмот, почнувајќи од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, усвоена на 18-ти декември 2007 година, по предлог на Катар и поддржана од сите земји-членки.