Safiye Karabacak
22 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
ГАЗА (АА) – По повод Светскиот ден за правата на децата, децата од Газа организираа мирна прошетка и побараа послободен и посигурен живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Собрани во организацијата „Save the Children“ носеa транспаренти на кои пишуваше „Сакаме право на живот“, „Не на искористувањето на децата“.
Децата на Газа цртаа на ѕидовите за правата на децата од Палестина, а на крај на прошетката во воздух пуштија и балони откако си посакаа желби.
Активистот на „Save the Children“ во Газа, Афаф Халиди, кажа дека палестинските деца и понатаму страдаат поради последните израелски напади.
Халиди истакна дека во последните напади илјада деца останаа без семејства. Порачува дека и палестинските деца сакаат да бидат далеку од израелските злочини и да живеат во мир и стабилност.
Халиди порачува дека во израелските затвори се наоѓаат околу 400 палестински деца, малолетници, на возраст од 11 до 17 години.