Admir Fazlagic
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Градскиот парк во Скопје со настан од информативен, културен и забавен карактер беше одбележан 20 јуни - Светскиот ден на бегалците, при што беше испратена порака за солидарност со бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот го организираше Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, а нивниот претставник Дејан Кладарин им се обрати на сите присутни во Градскиот парк, што и покрај дождливото време, одлучија да дојдат и да ја испратат пораката на солидарност со бегалците.
Кладарин посочи дека секоја година на 20 јуни, светот ја одбележува храброста и издржливоста на бегалците од целиот свет. Тој рече дека во во 2017 годима имаше рекорден број од 68,5 милони присилно раселени лица од кои 25,4 милиони бегалци. 52 отсто од сите бегалци беа деца, а остананиот дел биле жени и девојчиња. Истакна дека бројот на бегалци од 2016 до 2017 се зголемил за три милиони, што е загрижувачки.
Претставникот на УНХЦР во Скопје, Кладарин додаде дека повеќе од две третитини од бегалците доаѓааат од пет држави: Сирија, Авганистан, Јужен Судан, Мјанмар и Сомалија. Огромно мнозинство од сите бегалци, односно, 85 отсто во 2017 година и понатаму биле прифаќани во посиромашните земји.
„Ние во УНХЦР веруваме дека ниту една држава или заедница не треба сама да се справува со состојбата, и поради тоа го очекуваме усвојувањето на Глобалниот договор за бегалци, како и развојот на деталната рамка за одговор при ситуации со бегалци која треба да понуди попредвидлив и сеопфатен одговор на движења на бегалци, одговор кој сеуште е несоодветен и недоволно финансиран на светско ниво оставајќи ги бегалците со неизвесна иднина", рече Кладарин.
Порача дека ги поддржуваат државите кои имаат засолнато и сѐ уште засолнуваат милиони бегалци ширум светот меѓу кои често има сиромашни држави, кои и покрај тоа ја почитуваат својата правна и морална обврска и покажуваат вистинска солидарност со бегалците.
Тој упати зборови на благодарност до сите организации и институции во Македонија со кои заеднички работитат на истата цел - заштита на бегалците.
Во изминатите три години, една од земјите кои беа дел од Балканската бегалска рута беше и Република Македонија низ која поминуваа бегалците, се до затворањето на оваа рута, во март 2016 година, кога земјите ги затворија своите граници за бегалците. Според проценките на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) околу 1,1 милион луѓе минаа низ балканската рута во 2015 и 2016 година.
Моментално, според УНХЦР, во прифатните бегалски центри има 35 бегалци.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на бегалците во Скопје, свој настап имаа бендовите „JUNE" и „АнтиарТ" и Џез хорот Артизан. Исто така, имаше и изложба на цртежи, но и на стрипови, инспирирани од приказни на бегалци. Дело се на 7 студенти од Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.
Признание поради поддршката на глобалната кампања на УНХЦР за поддршка на бегалците доби македонскиот музичар и композитор Влатко Стефановски.
„Направив малку, но мислам доколку секој направи малку, ќе биде и повеќе од доволно", порача Стефановски во краткото обраќање пред присутните.