Figen Shaban
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на прес-конференција зборуваше за средбата која ќе се одржи меѓу Косово и Србија, в недела во Брисел, на ниво на претседатели, по поканата на високата претставничка на Европската Унија (ЕУ), Федерика Могерини, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Тачи во врска со ова истакна дека ќе биде првата средба од финалната фаза на дијалогот со Србија, која е потврдена и од официјалното писмо добиено од високата претставничка на ЕУ, Могерини.
„Сигурно дека нашата цел во оваа завршна фаза на овој дијалог е постигнување законско обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој ќе овозможи целосна нормализација на односите меѓу двете земји и нивните народи.“
Според него, наредните преговори на завршната фаза на дијалогот со Србија ќе бидат тешки, бидејќи, како што рече тој, на крајот на дијалогот ќе се затвори еден процес со еден сеопфатен, историски и политички договор.
„Постигнувањето сеопфатен договор со Србија е неопходно за нашата цел, за да бидеме земја членка на Обединетите нации (ОН), за да се забрза процесот на интеграција на Косово во ЕУ и НАТО, и за да се обезбеди заслуженото место на Косово на меѓународната сцена“, додаде Тачи.
Тачи нагласи дека како претседател на земјата има уставна обврска да го води овој дијалог до крајот на процесот.
Косовскиот претседател потенцираше дека прашањето за дијалог со Србија има карактер од национален и државен интерес за Косово, и додаде дека не треба да се однесуваат со националистички и популистички тонови.
Тој истакна дека Косово под никакви околности не може да го одбие дијалогот и преговорите, бидејќи европскиот глас и дух ќе ја носат Косово кон евроатлантските перспективи.
Што се однесува до преформулирање на границите со српската држава, Тачи рече дека ќе бидат околу 400 километри кои ќе ја определат граничната линија меѓу двете земји.
Според него, Косово имало значителни проблеми со Македонија и Црна Гора, што се однесува до границите, но овие процеси се затворени со успех, испраќајќи ја најдобрата можна порака до светот.
Тачи вели дека прашањето за границата ќе биде на маса и ќе заврши добро, бидејќи Косово нема да биде само со Србија, туку со Косово ќе биде и меѓународниот фактор.
Истакнувајќи дека Косово и Србија никогаш немале државна граница, Тачи рече дека ќе инсистира во процесот на демаркација да бидат вклучени и претставници на НАТО.
„Што се однесува до нашиот сон да го земеме северот, ние немаме што да земеме, бидејќи тој е на Косово. Јас мислам дека сега, за северот, повеќе е еден мит на Белград, претходно за целото Косово. Ние треба да работиме со целиот политички и етнички спектар“, нагласи Тачи.
Целиот фокус на ЕУ и САД, како што рече Тачи, ќе биде за европеизација на Западен Балкан. Тој подвлече дека за Косово е витално да се движи со сигурни и уникатни чекори, и да го искористи ова рефокусирање на Вашингтон и Брисел.
Тачи истакна дека кога еден проблем се игнорира, нештата можат да се влошат, и додаде дека не е заинтересиран за нов конфликт со Србија.