Emre Aytekin
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - ЕМРЕ АЈТЕКИН -
Секоја година, кај повеќе од 14 милиони лица се дијагностицира рак, а повеќе од седум милиони умираат од оваа болест, се вели во податоците на Светската здравствена организација (СЗО), јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот ден на борбата против ракот се одбележува секој 4 февруари за да се подигне свеста за оваа болест, превенција, дијагностицирање и лекување.
Се претпоставува дека во наредните 20 години, со стареењето на популацијата, ќе биде забележано зголемување од 70 отсто.
Ракот е водечка причина за смртноста во светот. СЗО наведува дека покрај ракот, главни причини за смртноста се и срцевите заболувања.
Според нивните податоци, само во 2015 година во светот од последица на заболување од рак битката за живот ја загубиле 8,8 милиони лица.
Поради високата зачестеност на малигните заболувања, како и големиот процент на смртност кај заболените, ракот е наречен епидемија на модерниот период.
Ризични групи се оние лица кои користат цигари и алкохол, немаат физичка активност и во исхраната не користат многу овошје и зеленчук.
Научниците сметаат дека најважен ризик се консумирањето на цигари, дури во 22 отсто од случаевите.
Официјалните податоци велат дека најмногу случаи на заболени од рак биле забележани во Данска, Ирска, Австралија, Белгија, Франција и САД. Ракот е на врв на листата на смртност и во голем број на европски земји во прв ред во Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија.