Said İbicioğlu,Ömer Koparan
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК од Африн изврши напад со проектил во еден пазар во сириското подрачје Азаз кој се наоѓа на границата со Турција, при биле повредени четири лица, од кои едно е во тешка состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
ПЈД/ПКК лансираше седум проектили кон еден пазар кој се наоѓа во подрачјето Азаз кој се наоѓа источно од Африн,кој е под контрола на опозицијата. Во нападот се повредени четири цивили.
Џума Рахал од болницата Ехли во Азаз, во изјава за Anadolu Agency (AA) истакна дека според првичните сознанија еден од повредените се наоѓа во тешка состојба, и додаде дека повредени во нападот се лекуваат.
ПЈД/ПКК често врши напади од Африн врз населените места во Азаз. Терористичката организација ПЈД/ПКК во Африн претставува закана целосниот регион на „Штитот на Еуфрат", како и зоната без судири во Идлиб.
Турските вооружени сили (ТСК) и Ослободителната сириска армија (ФСА) во рамките на операцијата која започна на 20 јануари, исчистија 30 позиции од терористи.