Erdal Türkoğlu,İzzet Mazi
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ХАТАЈ/КИЛИС (АА) - ЕРДАЛ ТУРКОГЛУ/ИЗЗЕ МАЗИ -
Седум лица го загубија својот живот, додека 107 лица се повредени, меѓу кои и деца, во нападите врз цивилите извршени со ракети, проектили и минофрлачи од страна на припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК која го окупирала сирискиот град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата Маслинова гранка која започна на 20 јануари од страна на Турските вооружени сили (ТСК) и Ослободителната армија на Сирија (ФСА) со цел уништување на терористичките позиции во Африн кој се наоѓа во Сирија, е во тек.
Терористите на ПЈД/ПКК кои едно по едно се нетурализирани во операцијата која успешно се одвива и со воздушна поддршка, ги напаѓаат цивилите во Хатај и Килис.

Од денот на започнување на операцијата, терористите лансираа 88 ракети, еден проектил и извршија еден минофрлачки напад. Тие извршија 34 напади во центарот на градот Килис, додека 56 напади во подрачјата Рејханли, Хасса, и Кирикхан во Хатај.
Во нападите загинаа 7 лица, од кои двајца сиријци, додека 107 лица се повредени меѓу кои и деца.
Исто така, во ракетните напади загина 17-годишната Фатма Авлат во Рејханли, како и сириските бегалци, Надир Ел Фарес, Рифат Синирли, и Ахмет Шанверди, додека како резултат на напдот извршен со минофлрлач загина Шахин Елиташ. Повредените 68 лица се пренесени во болница.
Во рамките на извршените терористички напади, во Рејханли беа оштетени 329 куќи и деловни простори, додека 33 возила се во неупотреблива состојба.
- 34 ракетни напади во Килис
За време на операцијата, центарот на градот Килис беше мета на терористите на терористичката организација ПЈД/ПКК. 34 ракети лансирани од страна на терористите, паднаа во различни места во градот, меѓу кои и во една џамија.
Во терористичките напади извршени од Африн во Килис загинаа 72-годишниот Музафер Ајдемир, 28-годишниот Тарик Таббак со сириско потекло, додека 39 лица се повредени.
Како резултат на лансираните ракети, оштетени се 9 куќи, една џамија, и 12 возила.