Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Hilal Karyağdı
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
КАИРО (АА) - Во местото на пирамидите во главниот град на Египет, Каиро, откриен е гроб стар 4.400 години кој датира од периодот на Фараоните, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за антиквитети на Египет, Калед ал-Анани, на прес-конференција на која присуствуваа и странски амбасадори во земјата, одржана на местото каде е откриена гробницата, истакна дека е откриена гробница во местото Ел-Кебане кој датира од периодот на петтата династија на Античкиот Египет, (2494-2345 п.н.е.).
Анани нагласи дека оваа гробница е на жена, која била високо позициониран функционер и истакната личност во општеството во тој период, и додаде дека ова не е последно туку прво археолошко откритие во 2018 година.
Анани рече дека над гробот кој датира од околу 4.400 години се наоѓаат ретко видени резби.