Tevfik Durul
09 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинезите како туристи минатата година остварија трошок што претставува 20 отсто од вкупните трошоци во туризмот на светско ниво, со што Кина стана земја чии туристи трошат најмногу во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемата кинеска туристичка компанија „C-trip“ спроведе истражување, според кое, кинеските туристи на глобално ниво потрошиле 261 милијарда долари и се наоѓаат на првата позиција според трошоците кои ги прават туристите на една земја.
Во извештајот се истакнува дека Кинезите оствериле околу 21 отсто од вкупните трошоци во туризмот на светско ниво, додавајќи дека бројката на туристите од Кина кои заминуваат во странство во последните 12 години се зголемува за 10 отсто на годишно ниво.
Голем број земји, меѓу кои САД, Канада и Сингапур, започнаа да издаваат 10 годишни визи за кинеските државјани.
Минатата година кинеските авиокомпании воведоа летови за дополнителни 260 меѓународни дестинации.
Експертите, зголемувањето на туристичките патувања на Кинезите го поврзуваат со стабилизирањето на кинескиот јен, иницијативата на државата во туристичкиот сектор и олеснувањето на визниот режим.