Riyaz ul Khaliq
23 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Кина денес испрати уште два сателита во вселената во рамките на својот навигациски сателитски систем „Беидоу“ („BeiDou“ (BDS)), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сателитите беа успешно лансирани од сателитскиот центар за лансирање „Сичан“ во покраината Сичуан во 5:10 часот утринава (2110GMT)“, објави новинската агенција „Синхуа“.
„Беидоу“ („BeiDou“) е кинески систем за сателитска навигација, кој се состои од две одделни сателитски констелации лансирани во 2000, односно 2011 година.
Сателитите лансирани со носачот на ракети „Лонг марш-3Б“ (Long March-3B) влегоа во орбитата. За носачот на ракети „Лонг марш-3“ ова беше 312-та мисија.
Кинескиот сателитски навигациски систем „Беидоу“ (BDS) во вселената има испратено вкупно 48 сателити.
Кинеската Академија за вселенска технологија и кинеската Академија за лансирна технологија заедно ги развија сателитите на кинескиот сателитски навигациски систем и носачот на ракети.
„Новите сателити ќе работат со оние сателити на BDS кои веќе се во орбитата за да ја подобрат точноста на позиционирање на системот“, се вели во веста на агенцијата.
Предвидено е Пекинг да ја заврши глобалната мрежа на BDS до 2020 година.
Двете посебни констелации сателити на BDS нудат покривање и навигациски услуги на клиентите во азиско-пацифичкиот регион.