İdris Okuducu
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
ЕРБИЛ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, во Ирак се состана со лидерот на курдската самоуправа на северниот дел на Ирак (IKBY), Месуд Барзани, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот Јилдирим-Барзани траеше еден час.
„Терористичките огранзации ДЕАШ, ПКК и ФЕТО не се само проблем на Турција, туку истовремено на регионот, на Ирак и на Сирија”, појасни Јилдирим на прес-конференцијата по состанокот.
Јилдирим говореше и за нападите на ПКК од подрачјето на Ирак.
„Неприфатливи се нападите кои ПКК од територијата на Ирак ги врши на нашата земја. Што и да е потребно да се стори по тоа прашање, ќе биде сторено. Терористичката огранизација да се прошири кон запад и да се вовлече во подрачјето на Шенгал е нешто што никако не можеме да го прифатиме”, изјави Јилдирим.
Според него, тоа е прашање на безбедноста, не само на Турција туку и на Ирак.
„Од тој аспект постои потребата за заедничка работа. Тоа им го објаснуваме и на европските и американските пријатели”, нагласи Јилдирим.
Тој зборуваше и за сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, ПЈД и нејзиното делување во таа земја.
„Колку и да го менуваат името, знаеме што прават. Не можете да ја смените суштината со промена на името. ПКК е еднакво на ПЈД еднакво на ЈПГ”, истакна Јилдирим.
Турскиот премиер се заблагодари на поддршката на официјалните лица за затворањето на образовните институции на терористичката организација ФЕТО во Ербил.
Лидерот на курдската самоуправа на северниот дел на Ирак, Месуд Барзани, изјави дека тие се подготвени да ги развијат односите со Турција на сите полиња.
Тој ја истакна важноста на посетата на турскиот премиер и потсети на состаноците на турскиот премиер Јилдирим во Багдад и денес во Ербил.
Барзани говореше и за борбата против тероризмот.
„Сите сме соочени со злото наречено терор и тероризам. Во борбата против теророт и тероризмот потребно е солидализирање на сите страни. Терористите доживеаја голем пораз на нашиот фронт. Сакам во Турција и во сите земји да биде отстранет теророт и тероризмот”, појасни Барзани.
Освен тоа, Јилдирим со Барзани ќе го посети фронтот на планината Зердик, во Ербил, каде што силите на Пешмера се борат против терористичката организација ДЕАШ.