Fatih Sebzeci
08 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
АДИЈАМАН (АА) - Од турската област Адијаман, во рамките на кампањата „Отворете го патот кон Алепо”, пратени се 27 камиони помош за жителите на Алепо, во кои се наоѓаат храна, облека, прекривки и огрев, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Адијаман, Абдула Ерин, изјави дека помошта е испратена во Сирија. Според него, ова не е прва помош, а нема да биде ниту последна.
„Сакам ова насилство кое се врши над нашите браќа да биде спречено”, изјави Ерин.
На протераните жители од Алепо испратени им се 175 тони јаглен, 72 тони брашно, 3.040 покривки, 1.305 пакети пелени, 5.940 пакети детска храна, илјада кревети, илјада чаршафи, 30 тони булгур, десет тони пченица и голема количина вода, облека, обувки и друго.