Ekipa
25 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Поранешниот ко-претседател на терористичката организација ПЈД/ПКК, Салих Муслим, кој се бараше со црвена потерница од страна на Турција, е приведен во Прага, главниот град на Чешка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносни извори, Муслим, кој се бараше со црвена потерница од страна на Турција, е фатен во Прага.
Службата на Интерпол во Чешка ги извести турските власти дека по налогот на Турција за фаќање на Муслим, тој бил приведен на 24 февруари во Прага.
Чешките власти соопштија дека судот ќе одлучи дали Муслим ќе биде притворен или не, и дека за оваа одлука ќе биде известена и турската страна.
Безбедносните власти контактираа со турското Министерство за правда за започнување на административните процедури за екстрадирањето на Муслим.
Салих Муслим се наоѓа на црвената листа на турското Министерство за внатрешни работи за лица барани за тероризам, со парична награда од 4 милиони турски лири (околу 860.000 евра).