Ömer Koparan
25 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
АФРИН (АА) - Слободната војска на Сирија, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, ја презеде контролата врз камп на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Борците на Слободната сириска војска рано утринава влегоа во жесток судир со терористите на ЈПГ/ПКК во близина на селото Омеранли, во подрачјето на Шеран, североисточниот дел на Африн, кој се наоѓа на границата меѓу Сирија и Турција.
Репортерската екипа на АА ги сними жестоките судири меѓу силите на Слободната сириска војска и припадниците на терористичката организација.
По судирите во кои беа неутрализирани терористите од кампот, единиците на Слободната сириска војска влегоа во кампот кој бил користен за обука.
Силите на Слободната сириска војска во кампот пронајдоа знамиња и документи на терористичката организација.
Привлече внимание тоа што терористите на карпа го напишале името „Апо“, инаку кодното име на лидерот на терористичката организација, и се обиделе да го нацртаат неговиот лик.