Can Erözden
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турските сили денес, во воздушни напади, извршени во северниот ирачки регион Авашин, неутрализираа 14 терористи на ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб преку објава на Твитер соопшти дека турските борбени авиони денес неутрализирале 14 терористи на ПКК во воздушните напади во Авашин.
Во нападите, исто така биле уништени и складишта за оружје, засолништа и депоа за муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.