Mehmet Tosun
26 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
АНКАРА (АА) - Неутрализирани се 6 членови на сепаратистичката терористичка организација во подрачјето на Заб, кое се наоѓа во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили соопштија дека по извршената процена на добиените информации од страна на разузнавачката служба, утрово, во периодот од 07.38 до 07.56 часот била извршена воздушна операција во подрачјето на Заб.
Во операцијата се нападнати два бункера и едно засолниште, при што се неутрализирани шестмина членови на терористичката организација кои се подготвувале да извршат напад.