Sarp Özer
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Фикри Ишик, изјави дека турските безбедносни сили во антитерористичките операции од 23 јули 2015 година, досега неутрализирале повеќе од 10.100 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е најзначајниот успех во историјата на борбата против тероризмот“, изјави Ишик денес во Анкара.
Турските воздушни сили во вчерашните напади на позициите на терористичката организација ПКК на ирачката планина Синџар и на сириската планина Карачок убија најмалку 70 терористи.
„Нападите на подрачјето на планините Синџар и Карачок се операции насочени против терористичката организација. Сите мораат добро да знаат дека нема на ПКК и на нејзините ограноци да им дозволиме на Синџар да подигнат нов терорисички камп“, порача Ишик.
Тој исто така изјави дека Турција во борбата против тероризмот сака да воспостави меѓународна соработка на највисоко ниво.