Kemal Karadağ
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
АНКАРА (АА) - Со каков ужас беше соочена Турција во ноќта на обидот за пуч, на 15 јули 2016 година, потврдуваат и снимките од безбедносните камери на кои јасно се гледа дека пучистите на терористичката организација ФЕТО отвораат оган кон цивили во Анкара, пишува Anadolu Agency (AA).
АА дојде до фотографските записи кои се вклучени во рамките на обвиненијата против пучистите на ФЕТО, а во врска со настаните во Генералштабот при обидот за државен удар.
Кога пучистите ја нападнаа зградата на Генералштабот на турската војска, на улиците на Анкара се собраа голем број граѓани, на кои подоцна беше пукано од воздух.
На снимките може да се забележи како граѓаните ги носат ранетите од воздушниот напад. Исто така, тука се и снмките од граѓаните кои успеале да влезат внатре, во округот на Генералштабот на турската војска, но откако на нив беше отворен оган, тие се обидоа да излезат надвор.
Може да се видат и вооружени војници кои изнесуваат едно рането или загинато лице од округот и ги оставаат покрај патот.
Терористичката организација ФЕТО во 70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, за во 80-тите значително ги зајакна своите паралелни структури во рамките на тие институции, и на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар со цел да се сруши уставниот поредок и да се собори демократски избраната турска власт.
Властите на Турција спроведуваат опсежни операции во рамките на борбата против таа терористичка мрежа предводена од Фетула Ѓулен.