Furkan Naci Top
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
АТИНА (АА) – Денес започна процесот на судска постапка за новото барање на Турција за екстрадиција на осумтемина војници-пучисти кои избегаа во Грција по јулскиот обид за државен удар на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA)
Под високи безбедносни мерки, војниците-пучисти се префрлени во Апелациониот суд (Ефетеио), од полицискиот центар, каде што беа држени во притвор.
Според информациите добиени од адвокатите на војниците, грчкиот обвинител ги информирал војниците и нивните адвокати во врска со новото барање за екстрадиција од страна на Турција. Известени се дека во новото барање има две нови обвиненија.
Се истакнува дека адвокатите на војниците во наредните недели ќе ја подготват одбраната и ќе поднесат жалба против новите обвиненија.
Од друга страна, пак, се дознава дека интервјата за барањата за азил на седумтемина војници-пучисти се завршени, а резултатот се очекува да биде соопштен во следниот период.
Осумтемина војници-пучисти по обидот за државен удар на 15. Јули, од страна на ФЕТО, со воен хеликоптер избегаа во Грција, каде што поднесоа барање за азил. Грчкиот Врховен суд (Ариос Пагос) во јануари го одби барањето на Турција за екстрадиција на војниците-пучисти. Грчката канцеларија за имиграции продолжува со евалуацијата на барањата за азил на војниците. Грчките власти одлучија да ги држат пучистите во притвор, сѐ додека не се донесе одлука за барањата за азил.