Şerife Çetin
27 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
ПРАГА (АА) - Судот во Прага го пушти на слобода поранешниот водач на ПЈД/ПКК, Салих Муслум, кој претходно беше уапсен, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата пред судот презеде големи безбедносни мерки. Одржан е и протест на мал број поддржувачи на терористичката организација.
На претставниците на медиумите не им беше дозволен влез во салата.
Станува збор за поранешен копретседател на ПЈД/ПКК, однсно на сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, за чие апсење турското Министерство за внатрешни работи претходно издаде и парична награда во износ од речиси милион долари.
Салих Муслум, еден од најбараните терористи, беше предаден на чешките органи, а турското Министерство за правда покрена процедура за испраќање официјално барање до чешките органи за негово испорачување.