Nazlı Yüzbaşıoğlu
27 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
АНКАРА/КОК'С БАЗАР (AA) - Добитничката на Нобеловата награда Тевекул Карман ја повика лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, да го запре насилството врз муслиманите од Аракан и да им помогне на овие луѓе да се вратат во своите домови.
Три добитнички на Нобеловa наградa, Тевекул Карман од Јемен, Ширин Ебади од Иран и Мејрид Магире од Северна Ирска се во посета на Бангладеш за да добијат од прва рака информации за ситуацијата во која се наоѓаат араканските бегалци.
Карман во разговор за Anadolu Agency (AA) говореше за планираната посета на камповите во Кок'с Базар, како и за чекорите кои меѓународната заедница треба да ги превземе за муслиманите од Аракан.
Таа смета дека актуелната бегалска криза е резултат на еден поголем политички контекст.
Таа потсети дека Владата на Мјанмар ги оставила муслиманите од Aракан без основните права, меѓу кои се и правото на државјанство, поседување имот и образование.
„Во камповите во Бангладеш се наоѓаат околу 700.000 аракански муслимани. Бегалците имаат многу причини да се плашат од враќањето во Мјанмар. Мјанмарската војска ги запали селата на араканските муслимани, егзекутираше илјадници луѓе, а војската е одговорна за масовно силување на безброј жени“, изјави Карман.
Тие укажа на тоа дека жените кои поради силување претрпеле трауми продолжуваат да ја преминуваат границата со Бангладеш.
„Жените од Аракан двапати се жртви, бидејќи се аракански муслимани и затоа што се жени“, изјави Карман, која додаде дека само 20 проценти од раселените жени кои се жртви на сексуална злоупотреба имаат пристап до терапија.
Таа изрази загриженост во врска со извештајот за жените и девојките кои за време на миграцијата и во камповите се соочуваат со трговците на луѓе.
„Нивната безбедност треба да биде приоритет“, вели Карман.
Таа истакна дека Бангладеш е осмата најгусто населена земја во светот и не може сама да се избори со оваа криза. Таа ја повика меѓународната заедница да пружи поддршка на Бангладеш, земјата која стана прибежиште за муслиманите од Aракан кои избегаа од насилствата во Мјанмар.
Смета дека не треба да се прават напори за враќање на бегалците без јасни и искрени ветувања на Мјанмар дека кон араканските муслимани ќе се однесува како кон свои државјани и ќе ги почитува нивните права.
„На араканските муслимани не треба да им се врши притисок да се вратат во Мјанмар под сегашните услови. Таквиот факт би значел уште една повреда на правата на араканските муслимани“, рече таа.
Карман смета дека приоритет на меѓународната заедница треба да биде одговорните кои го извршија злосторството да ги извади пред лицето на правдата.
„Причината за бегалската криза се злосторствата против човештвото што војската и владата на Мјанмар ги извршија против араканските муслимани“, изјави Карман.
Таа ја повикa Аунг Сан Су Чи да го запре насилството против aраканските муслимани, да им помогне во нивното враќање во своите огништа и да им бидат дадени одредени права.
Смета дека доколку Су Чи не може да го направи тоа, треба да си поднесе оставка.
Дванаесет добитници на Нобеловата награда и 18 други лица, меѓу кои политичари и уметници, во септември 2017 година упатија отворено писмо до Советот за безбедност на ОН барајќи ставање крај на кризата на муслиманите од Aракан.
Податоците на ОН покажуваат дека од 25 август 2017 година од насилствата во Мјанмар избегале околу 688.000 муслимани од Аракан. Сателитските снимки на меѓународните организации за заштита на човековите права покажуваат дека во областа биле изгорени повеќе од 350 муслимански села.