Gamze Türkoğlu Oğuz
17 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ЊУЈОК (АА) - Комитетoт на ОН за човекови права ја прифати резолуцијата со којашто се упатува повик до официјалните лица на Мјанмар да ги запрат акциите над муслиманите од Аракан, за да се овозможи бегалците да се вратат од Бангладеш и на овој народ да му се одобри државјанство, јавува Anadolu Agency (AA).
За резолуцијата поддржана и од Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) гласаа 135 земји, 10 беа против, а 26 воздржани. Претставниците на Русија, Кина, Филипините, Виетнам и Лаос не присуствуваа на гласањето.
Во резолуцијата којашто во декември ќе биде проследена на гласање во Генералното собрание на ОН, се укажува на кршењето на човековите права во Аракан, се упатува повик до официјалните лица од Мјанмар да го спречат насилството над муслиманите од Аракан, да се обезбеди нивно враќање од Бангладеш, да се одобри државјанството на Мјанмар, да се одобри пристап на истражувачката мисија на ОН, како и да се достави хуманитарна помош во регионот.
Исто така, од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се бара да именува специјален претставник за Мјанмар.
Амбасадорот на Саудиска Арабија во ОН, Абдула ал Муалими, кој се обрати во името на ОИЦ, изјави дека во Мјанмар се одигрува една натчовечка трагедија, која произлегува од верска омраза. Тој потсети дека досега во Бангладеш побегнале 620 илјади муслимани на Аракан, меѓу кои 60 отсто се деца.
Амбасадорот на Мјанмар во ОН, Хау До Суан, изјави дека во содржината на резолуцијата има грешки, и оти е двосмислен во контекст на намерата.
Мјанмарската војска под изговор борба против вооружените милитанти, од 25 август врши напади против цивилите во Аракан, при што настрадаа илјадници муслимани. Администрацијата на таа земја не дозволува влез ниту излез од споменатото подрачје, поради што е невозможно да се утврди точниот број на жртвите.
Во нападите коишто прераснаа во етничко чистење, мјанмарската војска и екстремистичките будисти уништија околу 300 села, а повеќе од 600.000 муслимани преку планинското подрачје, реката или по морски пат побегнаа во Бангадеш. Десетици илјади муслимани и понатаму бараат начин за да побегнат од насилството.