Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Мјанмарските власти со булдожер срушија 16 џамии во подрачјетo Мунгдау во Аракан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на каналот „Weekly English News“ (Викли инглиш њуз), врз основа на изјави на очевидците, локалните власти во период од една недела, почнувајќи кон крајот на ноември до почетокот на декември, срушија 16 од вкупно 17 џамии во подрачјето Мунгдау.
Селаните велат дека по нивните куќи, цел на напад се и нивните свети места, и додаваат дека мјанмарската Влада не прави ништо за да го спречи рушењето. Тие истакнаа дека мислат оти последната џамија што останала во подрачјето ќе ја сподели истата судбина со другите џамии.
Исто така, во веста се наведува дека на 7 декември, од непознати причини избувнал пожар во камп во Пакто, каде што престојуваат аракански муслимани. Не е дадена информација околу тоа дали има жртви или повредени во пожарот.
Според соопштеното, мјанмарските безбедносни сили запалиле четири куќи на аракански муслимани во селото Напура.
Во веста се вели дека предметите украдени од араканските муслимани биле продавани на локалниот пазар, а децата не можат да одат на училиште. На 8 декември, дете во кампот Балукхали во Бангладеш загинало поради негрижа.
Минатиот месец, безбедносните сили во Мјанмар запалија четири муслимански куќи во Напура.
Араканските муслимани Рохинџа со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а од 25 август тие се соочуваат со нов бран на насилство во подрачјето на Аракан во Мјанмар.
Под изговор за борба против милитантни групи, армијата на Мјанмар уништи најмалку 300 муслимански села во текот на етничкото чистење, а притоа повеќе од 626.000 локални жители беа принудени да избегаат во соседен Бангладеш.