Elena Teslova
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Русија одблиску ги координира своите акции во Сирија со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференцијата во Москва, Захарова изјави: „Ние со нашите турски колеги одблиску ги координираме нашите ставови кои се однесуваат на надворешната политика и воените антитерористички операции на терен, како и имплементацијата на конкретна политика во Сирија“.
Захарова, исто така, најави дека состанокот во форматот Астана, поради понатамошните напори за постигнување мир во Сирија, ќе биде одржан во Москва во најскоро време.
„Трите земји гаранти од форматот Астана одржуваат интензивни контакти преку разни канали. Од особено значење се состаноците на шефовите на држави, како и на министрите за надворешни работи и на одбраната, а соработката се одвива и на билатерална и трилатерална основа. Можам да кажам дека таквите контакти се планирани во блиска иднина и тие ќе се одржат во Москва“, рече таа.
Претходно, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, даде информации за закажаната посета на Москва кон крајот на декември.
Сирија се наоѓа во граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.