Dmitri Chirciu
21 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
МОСКВА - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги критикуваше санкциите врз „Турски тек“ и „Северен тек 2“, што ги потпиша претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, како дел од новоусвоениот буџет за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката Захарова преку социјалните мрежи упати критики кон новоусвоениот буџет за одбрана на САД, кој предвидува воведување санкции за проектите кои се насочени кон транспортот на руската енергија во Европа.
Таа во објавата на социјалните мрежи наведува „Државата [САД], која има јавен долг од 22 билиони долари, им забранува на кредитоспособните земји да ги развиваат своите економии во реалниот сектор.“
Захарова посочи дека американското Министерство за финансии постојано издава налог за „приведување“ на економијата, потенцирајќи „Наскоро ќе издаде налог за забрана за земање воздух и голем број други ќе го следат тоа.“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша Законот за национална одбрана 2020 (NDAA), со кој се воведуваат санкции на „Турски тек“, со кој преку Црното Море ќе се транспортира природниот гас во Турција и „Северен тек 2“, кој преку Балтичкото Море ќе се протега до Германија.
Овој закон предвидува воведување санкции за одредени бродски компании кои работат на изградбата на гасоводи кои придонесуваат за извозот на руската енергија.