Jeyhun Aliyev
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес го критикуваше мешањето на западните земји во внатрешните работи на Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Случувањата во Венецуела јасно покажуваат дека прогресивниот Запад, со изборот на власта во Венецуела, претставува голема закана за меѓународното право, суверенитетот и немешањето во внатрешните работи на другите земји“, напиша Захарова на социјалната мрежа Фејсбук.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес го призна опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо, за привремен претседател на оваа земја, во екот на ескалацијата меѓу Вашингтон и венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Мадуро ја критикуваше одлуката и изјави дека неговата земја ги прекинува сите дипломатски односи со САД, со тоа што им даде на американските дипломати рок од 72 часа да ја напуштат земјата.
Мадуро се обрати вчера пред своите поддржувачи кои се собраа пред претседателската палата во главниот град на оваа земја, Каракас.
Заедно со САД, опозицијата на Венецуела во преземањето на власта ја поддржаа и Бразил, Организацијата на американски земји, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама и Парагвај, додека Боливија и Мексико продолжуваат да го поддржуваат Мадуро.
Мадуро долго време ги обвинува САД дека водат економска војна и политичка кампања против него и неговата влада.
Протестите во Венецуела започнаа на 10 јануари, кога Мадуро положи заклетва за неговиот втор мандат на функцијата шеф на државата.